Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен за неверојатното извртување од 360 степени: Луда трка (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен напредуваше девет позиции и со сензационално возење стигна до победата на трката за Големата награда на Унгарија, но од голема помош му беше и стратегијата на Ред Бул која се покажа како убедливо најдобра.

Шефовите на Ред Бул изгледаше како да се чекор пред другите при секој повлечен потег во боксот, па во една таква ситуација успеаја да предизвикаат голема конфузија во Ферари, која резултираше со добитна позиција за актуелниот светски шампион.

Ферстапен доби шанса во два наврати да го напаѓа Леклер, па дури имаше и луксуз да се изврте на патеката и повторно да победи со повеќе од 10 секунди предност.

Холаѓанецот стартуваше 10-ти и пристигна прв на целта на Хунгароринг, а фијаското на Ферари и шестото место на Леклер направија да има 80 бодови предност во генералниот пласман.

– Прва цел ми беше да се приближам до местата на подиумот, но условите на патеката беа доста тешки. Сепак, на крајот пресуди извонредната тимска стратегија. Брзо реагиравме на ситие променливи ситуации на патеката и секогаш застанувавме во бокс во вистинско време. Одработивме извонредни кругови при враќањето од бокс и на крајот победивме и покрај вртењето од 360 степени. Луда трка, навистина ми е мило што победивме, – изјави Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни