Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен: Болидите на Ферари беа брзи, но ја промашија стратегијата

Објавено

на

Макс Ферстапен победи и на Ф1 трката во Унгарија, уште еднаш користејќи погрешна стратегија на Ферари, со која неговиот главен ривал Шарл Леклер сега има уште поголема негатива во генералниот пласман.

По трката, возачот на Ред Бул зборувал за случувањата на патеката, потенцирајќи дека болидите на Скудерија не ја искористиле предноста која ја имаат.

– Знаевме дека и нашиот болид е брз, но на трката се виде дека и возачите на Ферари имаат голем потенцијал.

– Сепак, направија погрешен избор со тврдите пневматици и тоа беше одлучувачко, – изјавил Ферстапен.

Актуелниот светски шампион во Формула 1 смета дека има простор за напредок на болидот на Ред Бул за време на летната пауза.

– Секогаш има делови каде може да напредуваме, мора да продолжиме да работиме и да го подобруваме болидот, – изјавил возачот на Ред Бул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни