Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд за договореното засилување на Јунајтед: Тој не е готов „производ“

Објавено

на

Англиската фудбалска легенда, Рио Фердинанд одблиску и со внимание ги следи сите потези на Манчестер Јунајтед, тим кој е активен и во овој преоден рок каде се обидува да дојде до играчи кои ќе донесат свежа крв, квалитет со кој клубот ќе биде чекор поблиску до врвот на англискиот фудбал.

Премиерлигашот веќе донесе неколку имиња, а се очекува официјална потврда и за најскапото засилување кое ќе чини 100 милиони евра. Се работи за 22 годишниот Антони кого тренерот Ерик Тен Хаг многу добро го познава од времето во Ајакс и секака желбите се дека тој во најмала рака ќе биде на истото ниво и ќе има партии какви што имаше во холандскиот великан.

Фердинад е свесен дека постои притисок кај новите засилувања, но се надева дека цената, вложение пари за нив нема да им претставуваат проблем.

-Тоа е притисок. Овие нови засилувања, Мартинез, но тој изгледа како да нема малку притисок врз него, како да не ја видел цената за трансферот во Манчестер Јунајтед. Антони доаѓа за 100 милиони фунти или приближно околу таа бројка, [се надеваш] дека ќе дојде и тоа нема да му тежи на вратот.

-Погледнете го Грилиш минатата година, тој не беше истиот Гралиш што играше во Астон Вила, па може да тежи. Тој ја освои лигата, затоа е среќен и не е важно, но понекогаш кога играчите доаѓаат под големи трансфер суми, тие не играат со слободата што ја имале порано, а тоа може да биде неколку работи.

-Тоа може да биде цената, притисокот и внимание да се биде под рефлектор, нова средина и клуб и култура на кои не се навикнати и тимска поставеност на која не се навикнати. Тие три работи се големи работи кои влегуваат во игра кога ќе потпишеш, но мора да имаш личност и карактер да се справиш со сето тоа, тоа е голема работа, -вели Рио и додава:

-За Антони, луѓето забораваат дека ги трошиш парите за играч кој не е готов производ. Има 22 години така што купуваш потенцијал, па не очекувај дека тој ќе влезе и ќе гази од првиот ден. Сколс добро кажа пред некој ден, мора да ја заборавите цената во денешно време бидејќи цените се само глупави, тие се чудни и судете ги за тоа какви се, кои се и времето кога ќе дојдат во клубот. Мартинез е малку поискусен и го гледате Антони, тој има голем потенцијал, ајде да видиме што може да направи,- заклучи Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни