Поврзете се со нас

АТП

Федерер за рекордот кој му го напаѓа Ѓоковиќ на Вимблдон: Ќе бидам изненаден ако…… (Видео)

Објавено

на

Рожер Федерер во вторникот беше специјален гостин на Вимблдон и ги следеше мечевите на централниот терен од „кралската ложа“, што доволно говори какво значење има Швајцарецот на најпрестижниот грен слем турнир.

Федерер и натаму е рекордер по бројот на освоени титули во Ол Ингланд клубот (8) и овој примат ќе го има најмалку уште десетина дена, бидејќи Новак Ѓоковиќ сериозно го напаѓа неговиот рекорд и според сите е асполутен фаворит да освои нов трофеј во Лондон.

Тоа мислење го дели и Федерер, кој вели дека би бил изненаден ако Ноле на крајот не го подигне трофејот на годинешното издание на турнирот во англиската престолнина.

– Новак е голем, голем фаворит за трофејот и мислам дека тоа е фантастично за него. Навистина сакам да успее во тоа. Јас имав свои моменти, освоената осма титула, или петте во низа. Тоа беа моите моменти, ако некој тоа го израмни или го надмине, тоа ќе биде негова работа, негов момент. Знам дека медиумите ги пумпаат овие работи, и мене ме тераа да ги уривам рекордите, да ги изедначувам.

– Сепак, сега кога ќе седнете од страна, гледате на работите од друга перспектива, се опуштате и горди сте на тоа што сте го постигнале. Се надевам дека ќе успее, бидејќи се што ќе додаде во кариерата, додава во тениската историја. Исто како што направи со 23-та грен слем титула во Париз, тоа е неверојатна работа. Мислам дека е голем фаворит за трофејот и ќе бидам изненаден ако не го освои повторно Вимблдон, – изјави Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни