Поврзете се со нас

Атлетика

Фарах откри дека бил жртва на трговија со луѓе и дека има лажен идентитет: Не сум тој што мислите!

Објавено

на

Мо Фарах е еден од најуспешните атлетичари во историјата на Британија, но четиркратниот олимписки и шесткратен светски шампион на долги дистанци носи и една голема темнина со себе која сега реши да ја открие на цела јавност.

Во документарецот кој го подготви „Би-Би-Си“, Фарах ја започнува својата исповед со фразата „Вистината е дека јас не сум тој што мислите дека сум“, која најдобро ја отсликува неговата детска голгота кога бил жртва на трговија со луѓе и како роб бил донесен во Англија.

– Вистинската историја за мене е дека сум роден во Сомалиландија, северно од Сомалија. Роден сум со името Хусеин Абди Кахин. И покрај тоа што имам кажано друго во минатото, моите родители никогаш не живееле во Велика Британија. Кога имав четири години, мојот татко почина во граѓанската војна и семејството ми се подели. Ме разделија од мојата мајка и илегално ме донесоа во Велика Британија со името Мохамед Фарах.

– Ме однесе една госпоѓа која рече дека ќе ме чува, ми изгледаше интересно што одам да живеам во Лондон, но кога стигнав, сфатив дека се е лага. Имав контакти од моите најблиски, но кога дојдовме во Лондон, госпоѓата ми ги искина сите работи и ги фрли во канта. Тогаш сфатив дека сум во проблеми. Ми го кажа следното: Ако сакаш повторно да го видиш твоето семејство, немој да кажуваш ништо за ова…..

– Го чував ова долго време, но најтешко ми беше со моите деца, ми поставуваа прашања за тоа како сум стигнал тука. За се имав одговор, само за тоа не. Поради тоа решив да ја откријам мојата историја. Сакам да се чувствувам нормално и како човек кој не крие ништо. Трчањето ми го спаси животот, тоа ме направи поинаков, – се исповеда Фарах кој ја има добиено и титулата „Сер“ поради сите големи достигнувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни