Поврзете се со нас

Евролига

Евролигата „краде“ од НБА лигата, познати се сите учесници за наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Евролигата е најквалитетното кошаркарско натпреварувања на стариот континент, натпреварување за кое веќе се познати сите екипи кои ќе учествуваат во истото во натпреварувачката 2023/2024.

Во новата кампања ќе ги имаме истите 18 клубови од претходната, поточно нема промени иако имаше можности за тоа како на пример што е случајот со Гран Канарија која со триумфот во Еврокупот стекна право да оди во елитата, ама поради финансиски причини се откажа.

Ова значи дека Реал Мадрид ќе го брани трофејот, а конкурентни ќе му бидат Алба Берлин, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена Звезда, Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби Тел Авив, Панатинаикос, Партизан, Валенсија, Виртус Болоња и Жалгирис.

Кога е во прашање форматот има промена и тоа во воведувањето на плејин фазата како што е во НБА лигата. Конкурентноста ќе биде поголема, па од седмото до десеттото место ќе имаме борба за екипите за влез во плејофот.

Седмо и осмопласираниот во еден натпревар ќе ги решаваат учесниците во Топ 8 фазата, а поразениот потоа ќе игра со победникот од дуелот меѓу деветтото и десеттото место за последното место кое води во разигрувањето.

Предноста на домашен терен ќе ја имаат подобро пласираните тимови во регуларниот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни