Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер предвреме се раздели со летното засилување од Данска

Објавено

на

Еурофарм Пелистер не ги исполни очекувањата во Лигата на шампионите и не запиша ниту една победа во 2023-та година, па сосема очекувано, клубот планира да направи неколку промени во ростерот во текот на зимскиот преоден рок.

Најголемо засилување за вториот дел од сезоната веќе пристигна во Битола и тоа е Филип Кузмановски, но тимот полека се ослободува и од играчи кои не ги исполнија очекувањата.

По средниот бек Дејвис, битолчани денеска информираа дека се разделиле и со данскиот ракометар Андреас Јохан Нилсен, играч кој настапуваше на позицијата кружен напаѓач.

– РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.

– Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен, – порачаа од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни