Поврзете се со нас

Балкан

Елези стрелаше и против Славен Белупо (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Агон Елези продолжува да игра квалитетно во дресот на Вараждин во првата хрватска лига.

Тој го постигна вториот сезонски погодок и тоа во пресметката против Славен Белупо во Копривница. Елези се најде на вистинското место во 38 минута и израмни на 2-2, поточно го врати неговиот тим целосно во игра.

Сепак домаќините го имаат последниот збор на овој меч и со гол во вториот дел се изборија за триумф од 3-2.

Елези беше активен до 85 минута, додека целиот меч за гостите го одигра напаѓачот Димитар Митровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни