Поврзете се со нас

Свет

Екс бразилски репрезентативец: Нашите фанови преферираа домашен стручњак пред Анчелоти

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти долго беше поврзуван со преземање на селекторската функција во бразилската фудбалска репрезентација, но на крајот реши да потпише нов договор и да го потврди останувањето во Реал Мадрид и следната сезона.

Сепак, ваквиот развој на настаните не е големо разочарување за голем број бразилски фанови, бидејќи поранешниот репрезентативец Џалмиња смета дека ова било добро сценарио.

– Не ги спорам постигнувањата на Анчелоти како фудбалер и тренер, но за мене тој не беше идеален избор за селектор на Бразил.

– Мислам дека ако некој ги прашаше фановите, тие попрво ќе избереа бразилски тренер, освен ако во игра не беше Пеп Гвардиола за кого веројатно би направиле отстапка.

– За мене работите излегоа позитивно, – вели Џалмиња, кој алудира на фактот дека селекторската функција ја презема домашниот стручњак Доривал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни