Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Тотенхем жонглираше на противничката половина во 85. минута, ривалот го патосираше на земја (Видео)

Објавено

на

Тотенхем без преголеми проблеми го совлада Нотингем Форест и запиша нова победа на стартот на сезоната во Премиер лигата, пред се благодарение на Хари Кејн кој беше стрелец на два гола.

Напаѓачот можеше да комплетира и хет-трик бидејќи промаши пенал, но додека тој се однесуваше со респект кон противниците, неговиот нов соиграч ги разбесни играчите на Нотингем, но и дел од експертите.

При решен натпревар и резултат 2:0 во 85-та минута, Ришарлисон реши да жонглира на противничката половина пред очите на противниците, по што доби експресна казна.

Џонсон не остана рамнодушен на ваквите потези и со жесток старт го покоси Ришарлисон, кој сепак беше оној кој го извлече подебелиот крај во медиумите.

Џејми Карагер одново го нападна новото засилување на Тотенхем за ваквите потези, додека Агбонлахор смета дека за вакви понижувачки реакции, ФА треба да одреди казни за играчите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни