Италија
Ѕола за најавената „тројка“ во Интер: Тоа е коцка, ама вреди да се ризикува
Поранешната ѕвезда на Челси и екс италијански репрезентативец, Џанфранко Ѕола даде свој коментар за неколку прашања, теми поврзани со најсилната конкуренција на Апенините.
Интер е на добар пат да го врати Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“, а во исто време работи на трансферот на Пауло Дибала, па во моментов воопшто не изгледа нереално клубот во наредната сезона да има страшна напаѓачка тројка која е заокружена со Лаутаро Мартинез.
Многумина се прашуваат како истата би функционирала на теренот, па за ова свој став има Ѕола кој смета дека се работи за ризик, но вреди истиот да се проба.
-Тие се тројца врвни напаѓачи. Дибала како плејмејкер и другите двајца на врвот, зошто да не? Тие гарантираат многу квалитет во напаѓачкиот дел од теренот, а потоа треба да видиме како Симоне Инѕаги ќе го постави остатокот од тимот.
-Наоѓањето рамнотежа е од фундаментално значење за да се осигура дека одбранбената страна нема да страда. Тоа е коцкање, но вреди да се ризикува, -вели Ѕола кој исто смета дека триумфот на Рома во конференциската лига може да донесе многу позитивни работи за „волчицата“.
-Имам идеја: Победата во Конференциската лига може да биде како отскочна даска за целата наредна сезона. Рома напредува со ентузијазам, а Мурињо е брилијантен во тоа, -рече Италијанецот.
-
Светпред 11 часа
Аргентинците се збогуваа со голема легенда: Ти благодариме, Флако (1938-2024)
-
НБАпред 20 часа
Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон и тој да игра место мене (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Белингам ја прослави првата титула во Ла Лига со најсаканата личност во животот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги ги потврди првите две летни засилувања за шампионот Интер
-
Англијапред 16 часа
Разиграниот Челси потопи уште еден ривал од Лондон (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Винисиус го „поздрави“ Араухо и ја повтори неговата изјава од минатата година (Фото)
-
Светпред 16 часа
Меч кој ќе се памети: Меси ја одигра најдобрата партија во кариерата (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Нова повреда за кулминација на стоперската криза кај Манчестер Јунајтед