Поврзете се со нас

НБА

Дурент одигра најдобар меч во кариерата, но Бруклин не победи (Видео)

Објавено

на

Бруклин има обезбедено место во НБА плеј-инот, но рано утрово пропушти добра шанса да остане со математика и за директен пласман во плејофот, бидејќи загуби на меч кој беше поентерски најдобар во кариерата на Кевин Дурент.

Популарниот Дурантула имаше блескава ноќ и постигна рекордни 55 поени, а воедно постави и сопствен рекорд по реализираните тројки на натпреварот против Атланта (осум).

Дурент имаше одличен процент на реализирани шутеви и погоди осум од десет обиди за три поени, но сето ова не беше доволно за победа против Хокси кои сега отидоа едно место над Бруклин на табелата.

Атланта со победата од 122:115 се искачи на осмото место на Истокот, додека Бруклин со 40 победи е на делба на деветтото место и има уште четири натпревари да го подобри овој учинок.

Покрај Дурент кој постави личен рекорд, добар беше и Кајри Ирвинг со 31 поен, но кога е во прашање резултатот, до израз дојде тимската игра на Атланта бидејќи четворица играчи завршија со двоцифрен учинок. Од нив, најдобар беше Тре Јанг со 36 поени и 10 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни