Поврзете се со нас

Македонија

Драматично реми на ракометното дерби меѓу Алкалоид и Голден Арт

Објавено

на

Фото: РК Голден Арт

Натпреварот меѓу Алкалоид и Голден Арт од машката ракометна Прва лига предизвика голем интерес поради фактот што двете екипи досега беа непоразени и важат за главни претенденти за пласман во Супер лигата, а она што се случуваше на теренот ги оправда очекувањата на фановите.

Алкалоид и Голден Арт остануваат непоразени по денешното реми (25:25), кое донесе резултатски пресврти и драматична завршница во која Даев со последниот гол, донесе реми за гостите.

Голден Арт одигра подобро прво полувреме и на пауза замина со предност 10:13, но Алкалоид успеа да го подигне своето ниво на игра и во вториот дел од второто полувреме стигна до позитива, за на пет минути до крајот да има плус три во своја корист.

Сепак и водството 25:22 не беше доволно за во завршните минути Алкалоид да ја запечати победата, бидејќи Голден Арт успеа да направи серија 0:3 и на дваесетина секунди до крајот да стигне до израмнување и голем бод од ова дерби. Домаќините не го искористија последниот напад за евентуална победа, па сега и двата тима остануваат на делба на првото место.

Во редовите на Алкалоид, Ѓорѓиев беше најдобар реализатор со 6 голови, додека Илиев со 13 погодоци го предводеше тимот на Голден Арт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни