Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд добива квалитетно засилување за 40 милиони евра

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд денеска го игра клучниот меч во трката за титулата во Бундеслигата, меч против Мајнц на кој ако забележи победа тогаш по повеќе од една деценија ќе стане германски шампион без разлика на тоа што Баерн Минхен ќе направи на гостувањето кај Келн.

Секако најголемото внимание е насочено кон „Сигнал Идуна Парк“, но управата на „милионерите“ во исто време размислува и за наредните потези, следната сезона и последните вести се дека клубот е многу блиску до ангажман на ѕвездата на Ајакс, Едсон Алварез.

Мексиканецот од 2019 година е дел од Ајакс, тим со кој освои пехари во првенството и Купот, па како и многу играчи од минатото е спремен да направи нов исчекор во кариерата и да се пресели во Германија.

Трансферот може да биде комплетиран наредната седмица и истиот би можел да достигне сума од 40 милиони евра. Едсон има 25 години, па освен како централен дефанзивец може да игра и како последен играч за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни