Поврзете се со нас

Италија

Дисциплинците на Серија А ги одредија казните за тензиите на дербито на „Сан Сиро“

Објавено

на

Дисциплинската комисија на Серија А денеска ги одреди казните за фудбалерите со картони или инволвирани во инциденти на натпреварите од последното коло.

Најголемо внимание предизвика дербито меѓу Интер и Милан, на кое владееше тензија на теренот, а имаше и неколку несакани дуели меѓу актерите на теренот.

Лаутаро Мартинез кој влезе во клинч со Тео Ернандес и според дел од навивачите и го плукнал Французинот, мина само со парична казна од 10.000 евра.

Сепак, во редовите на Интер има суспензии и тоа за тренерот Симоне Инѕаги и Алесандро Бастони.

Бастони ќе мора да паузира на следните две средби од Серија А, не само поради дуелот со Ернандес, туку и за постојаните навреди на сметка на еден од помошните судии.

Инѕаги пак влегол во конфликт со судијата во подтрибинскиот простор, помина со еден меч суспензија и парична казна од 15.000 евра. Инѕаги и Бастони според ова ќе го пропушти дербито со Наполи.

Ернандес доби натпревар суспензија поради црвениот картон, како и 5.000 евра поради провоцирање на фановите на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни