Поврзете се со нас

Балкан

Динамо по новата победа на „Пољуд“: Вчера…

Објавено

на

Динамо Загреб во рок од неколку дена по вторпат го совлада големиот ривал Хајдук, прво во шампионатот, а вчера и во Купот на Хрватска.

Клубот од „Максимир“ триумфираше со 1-0 со голот на Куленовиќ, но гостите не можеа да ја прослават оваа победа со оглед на тоа што домашните навивачи се спуштија на теренот по последниот судиски свиреж, па мораше да интервенира полуцијата, специјалните единици со оглед на тоа што „Торцида“ се упати кон делот каде беа сместени „Бед Блу Бојс“.

Од Динамо денеска се јавија со порака со која меѓу редови јасно го пецнаа Хајдук.

-Вчера ни ја ускратија можноста да славиме, за среќа имаме недела и нов натпревар на домашен терен. Да го наполниме Максимир! Заедно за нова победа, заедно по титулата, -порача клубот на социјалните мрежи.

Ривал на Ристовски, Адеми и компанија во недела ќе биде Истра, тим кој е во долниот дел на табелата во ХНЛ.

Ристовски со еден потег ги воодушеви навивачите на Динамо Загреб (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни