Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ со магична асистенција ја одбележа победата на Валенсија (ВИДЕО)

Објавено

на

Валенсија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ избори место во полуфиналето на  Еврокупот.

Шпанскиот претставник не дозволи изненадување во „Ла Фонтета“ и го совлада фрацускиот прволигаш Метрополитан со 98-85. Домаќините подобро се снајдоа, ги добија во своја корист сите четири четвртини и заслужено закажаа битка со Виртус Болоња.

Риверо со 21 поен ги предводеше победниицте, додека залудни за гостите беа 31 кош на плејмејкерот Камингс.

Нашиот Димитријевиќ мина 14 минути на паркетот за кои даде 4 поени, 1 скок и 3 асистенции. Едно од тие негови додавање магично, мајсторско и се најде во фокусот на медија тимот на Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни