Европски купови
Димитријевиќ делеше асистенции, Валенсија со пеколни десет минути ја суреди Виртус Болоња (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија за која настапува Ненад Димитријевиќ славеше над Виртус Болоња со 83-77 во дербито на 13. коло во групата Б во Еврокупот.
Првиот дел мина во изедначена игра и домаќинот замина на пауза со плус два (40-38). Третиот период донесе доминација на гостите кои одиграа супер во одбраната, ефикасно во нападот и тоа им овозможи во завршните десет минути да влезат со двоцифрена позитива (63-52).
Ова како да им донесе дополнителен мотив на избраниците на Пенароја кои последната четвртина ја одиграа како во транс и со 31-14 направија комплетен пресврт за 9 триумф во оваа фаза.
Препелиќ со 19 поени беше далеку најпрециенн играч кај Валенсија, тим за кој пак Димитријевиќ забележа најмногу асистенции (5), плус уфрли 8 поени. На спротивната стрена се истакна Вимс со 17 поени.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ