Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитријевиќ: Даваа важни поени кога им беше потребно

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ и беше на располагање на нашата репрезентација за втората средба против Грузија, но и неговата добра партија не беше доволна Македонија да оствари позитивен резултат во пресметката во СЦ „Борис Трајковски“.

Членот на Валенсија даде 25 поени со 7 скока, 2 асистенции, но имаше и 8 загубени топки што секако беше значаен минус. Плејмејкерот смета дека противникот успеал да даде поени кога било најпотребно, а за важен момент ја издвои и техничката грешка за него по која Грузија направи серија.

-Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, против одличен тим. Забележаа некои важни поени во моменти кога им беше потребно, најмногу заслужни за тоа беа Шермадини и Мек Фејден. Тежок момент беше кога сметам дека имаше прекршок, а не беше досуден, по што следеше техничка грешка за мене и 10-0 серија за Грузија, -истакна Нено по дуелот во Скопје.

Македонија има четири порази на четирите средби од квалификациите за СП. Следниот меч ни е против Шпанија на нејзин терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни