Поврзете се со нас

Италија

Дибала се огласи и испрати јасна порака за неговата иднина во Рома

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Аргентинскиот репрезентативец, Пауло Дибала се огласи и испрати јасна порака за неговата иднина во италијанскиот прволигаш Рома.

Офанзивецот имаше квалитетна прва кампања во дресот на „волчицата“ со што само потврди дека се уште може да игра на највисоко ниво, па во изминатиов период доста се говори за негов потенцијален трансфер со тоа што во последниве денови фокусот беше ставен на премиерлигашот Челси.

И ветеранот Тијаго Силва имаше една изјава на оваа тема дадена за време на Големана награда на Велика Британија во Ф1 шампионатот за да малку подоцна се огласи и Пауло кој ги расчисти сите дилеми во однос на оваа тема, прашање.

Силва: Го прашав Дибала дали доаѓа во Челси…

-Јас сум мотивиран за предсезоната кој започнува утре (понеделник). Мојата иднина? Среќен сум во Рома, останувам тука, -порача напаѓачот кој има договор до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни