Поврзете се со нас

Италија

Де Роси: Вака победува Рома-со срцев удар!

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома обезбеди пласман меѓу 16 најдобри екипи во Лига Европа и тоа откако ја доби драмата со Феенорд на „Олимпико“.

И на реваншот резултатот беше 1-1 што значеше дека мора да се бара начин за да се добие победникот, па така се играа дополнителни 30 минути кои не донесоа промена за да на крајот се дојде до изведување на удари од 11 метри, серија во која домаќините беа подобри и со тоа останаа во игра во ова второ по ранг европско натпреварување.

-Прекрасно е да се запамети се што се случи вечерва. Ова беше моја прва европска вечер во Рим во оваа улога. Многу сум среќен што заврши вака, мислам дека беше заслужено со оглед на се што направивме во текот на натпреварот, особено во првото полувреме, -истакна тренерот Даниеле Де Роси.

Исторски Рома не минува добро кога се во прашање пеналите во Европа, ама сега се заврши со позитивен епилог за нив.

-Вака победува Рома предизвикувајќи им срцев удар на луѓето. Мислам дека оттргнавме малку од фатализмот, ги имаме овие изреки овде како „никогаш никаква радост“, но можеме да свртиме нов лист. Ние не сме грдите пајчиња. И ние почнуваме да победуваме, ние сме добар тим на одличен стадион, задоволен сум, -порача предодникот на „волчицата“ која денеска ќе го добие наредниот ривал во ЛЕ.

Свилар го издвои „виновникот“ за херојскиот настап: Му благодарам за овој незаборавен момент

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни