Поврзете се со нас

Лига Европа

Свилар го издвои „виновникот“ за херојскиот настап: Му благодарам за овој незаборавен момент

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Екипата на Рома се избори за место во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа откако го доби драматичниот двомеч со Феенорд, пресметка која мораше да биде решена на пенали.

Свилар херој на „Олимпико“, Рома го завери последниот осминафинален билет во Лига Европа (Видео)

И на втората средба резултатот по 90 минути беше 1-1, а тоа не донесе до продолженија во кои немаше промена на резултатот што значеше дека ударите од 11 метри ќе го одлучат патникот во наредната фаза.

Овде херој на „волчицата“ беше голманот Миле Свилар кој одбрани два пенали на тимот од Ротердам што беше повеќе од доволно за пласман во наредната фаза во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

-Ова е неверојатно. Јас сум без зборови. Работев цел живот за овој момент, на овој стадион. Мама миа. Секогаш кога ќе излезам овде, се чувствувам уште поспецијално, лудо е -истакна Свилар.

-Во овие моменти не чувствувам притисок (пеналите). Одбранив два, можев и трет, но победивме и тоа е најважно. Гледав видеа со тренерот на голманите, но јас решив каде ќе одам. Погодив точно три од пет пенали, -додаде Миле кој му се заблагодари на тренерот Даниеле Де Роси кој во последните натпревари му даде можност да брани пред Руи Патрисио, можност која максимално ја искористи.

-Ова е многу, многу важно, вербата се трансформира во настап на теренот, ме прави да се чувствувам посигурен. Му благодарам на тренерот што мене и на моето семејство ни го подари овој незаборавен момент. Вечерва никој не може да ја избрише оваа насмевка од нашите лица, но од утре се враќаме на работа за следниот натпревар, -заклучи Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни