Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Разговарав со Салах веднаш по крајот на мечот

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп имаше што да му порача на Мо Салах и беше евидентно дека двајцата отвораат несекојдневна караница крај аут линијата, ситуација која сосема очекувано прерасна во топ тема по крајот на натпреварот во Лондон.

Ливерпул не успеа да го победи Вест Хем (2:2) и практично се отпиша од шампионската трка во Премиер лигата, но многу позагрижувачки за фановите на клубот е тоа што го видоа во 79-та минута.

Распад-систем: Клоп и Салах се „зајадоа“ крај аут линијата, Дарвин во улога на миротворец (Видео)

Непосредно пред влегувањето во игра на Салах, напаѓачот и менаџерот се „зајадоа“ и си разменија зборови со повисок тон, а додека Египќанецот се одлучи да молчи за да не предизвика „пожар“ во јавноста, Германецот откри дека веќе разговарал со Мо во соблекувалната.

– Не можам да ви кажам какви зборови си разменивме со Салах, но разговаравме со него во соблекувалната по мечот и за мене таа приказна е завршена. Од тоа што го видов, стекнав чувство дека истото важи и за него, – кратко изјавил Клоп по мечот.

– Што се однесува до мечот, имаше само еден тим кој сака да победи на овој меч. Ние бевме тие кои создадоа далеку повеќе шанси за гол, но повторно не победивме. Примивме гол од ништо, за жал истата приказна ни се повторува последните четири недели. Играчите дадоа се од себе и немам што да им забележам, – додал Јирген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни