Поврзете се со нас

АТП

Надал ја надмина караницата со судијата и режираше слатка одмазда против Де Минор (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал потврди дека е во далеку подобра физичка форма од пред една недела, а прогнозите на неговиот тренер Карлос Моја беа покажани и на дело денеска во втората рунда во Мадрид.

Откако минатата седмица загуби од Алекс Де Минор во меч во кој остана без енергија во вториот сет, Рафа денеска изгледаше далеку подобро, па многу брзо му се реваншираше на австралискиот тенисер.

„Кралот на земјата“ изгледаше максимално мотивирано и фокусирано од самиот старт и веднаш направи брејк, но потоа се изнервира во третиот гејм кога влезе во расправија со судијата Марфи.

Надал загуби поен поради тоа што застана и не побара „челинџ“, па иако топката беше во аут, судијата му го додели поенот на Де Минор поради тоа што Рафа не ги испочитувал правилата. Шпанецот се налути и во еден момент му се закани на Марфи дека нема да продолжи да игра, но потоа се смири и сепак продолжи како ништо да не било.

Иако го загуби тој гејм и првиот сет влезе во неизвесна завршница, Надал го доби истиот во тајбрејкот со 8:6, а потоа направи брејк на стартот на вториот сет и си го трасираше патот до победа од 7:6 и 6:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни