Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Милан ги поделија бодовите на дербито во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус и Милан одиграа без победник во дерби средбата од 34. коло во италијанскиот фудбалски шампионат.

Иако „старата дама“ беше далеку поконретен тим на теренот, се закануваше кон голот на Спортиело сепак на крајот не успеа ниту една топка да спроведе во мрежата на „росонерите“ кои пак на вечерашното гостување ниту еднаш не го тестираа голманот Шчесни (немаа ниту еден директен удар).

Со ова реми нема промена на табелата, Јувентус останува понатаму трет со минус пет во однос на Милан кој делува навистина лошо во последниве натпревари, поточно само како да се чека крајот на актуелнава сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни