Поврзете се со нас

Англија

Шлуп испрати неодбранлив проектил во мрежата на Лено, Барнли освои бод на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CPFC

Манчестер Јунајтед има се помали шанси за топ четири пласман и во моментов позагрозено изгледа шестото место кое го поседува, особено со резултати како овој денеска против Барнли.

Тимот на Ерик Тен Хаг има проблем со серија на добри резултати цела сезона, па така по драматичната победа над Шефилд Јунајтед, денеска „ѓаволите“ не успеаја да го совладаат Барнли.

Иако Антони постигна гол кој изгледаше дека ќе биде победнички во 79-та минута, момците на Компани не се откажаа и се изборија за пенал, по кој Амдуни израмни на 1:1.

Овој резултат се покажа како конечен на театарот на соништата, па откако Њукасл го победи Шефилд со 5:1, „страчките“ сега имаат само бод помалку од Јунајтед.

На останатите два меча од 16:00 часот, Вулверхемптон славеше над Фулам со 2:1, додека најубавиот потег пристигна од натпреварот меѓу Фулам и Кристал Палас кој заврши 1:1.

Гостите губеа до 87-та минута, но тогаш Шлуп испорача ремек-дело и испрати проектил во мрежата на Берн Лено за 1:1.

Погодокот на Шлуп погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни