Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски со асистенција во „петардата“ на Хајдук (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Александар Трајковски врза неколку квалитетни партии во низа во дресот на Хајдук, тим за кој во претходните две рунди Осијек и Славен Белупо постигнуваше голови, додека пак вечерва ја имаше улогата на асистент во шоуто на клубот од Сплит против Рудеш.

Домаќините го потврдија статусот на апсолутни фаворити и славеше со 5-1 на соочувањето на „Пољуд“. Македонскиот репрезентативец имаше и можност да се запише во листата на стрелци, но противниците имаат реакции во последен момент, меѓутоа Трајковски запиша асистенција во 26 минута при голот на Пукштас.

Со 61 бод Хајдук е на третото место на табелата во хрватскиот шампионат.

Нашиот Трајковски на 13 средби во ХНЛ има учинок од 3 гола и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни