Поврзете се со нас

Англија

Челси даде гол за трилер победа на „Вила Парк“, па ВАР ги потопи избраниците на Покетино (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Тимот на Челси има проблеми со констатноста во играта низ целата оваа сезона, а така беше и вечерва против Астон Вила каде одигра две различни полувремиња по што на крајот мораше да се задоволи само со реми од 2-2.

Домашниот тим се стекна со убедлива предност од 2-0 по првиот дел и тоа благодарение на автоголот на Кукуреља и погодокот на Роџерс.

Меѓутоа гостите од Лондон беа далеку подобри по одморот, па преку Мадуеке и атрактивниот гол на Палмер дојдоа до израмнување на резултатот. Избраниците на Покетино тука не застанаа и во 95 минута дадоа нов гол за комплетен пресврт по кој тргнаа да слават за да се јави ВАР по што главниот судија ја прегледа снимката и го потврди прекршокот пред погодокот на Дисаси.

„Сините“ имаат 19 бода помалку од Астон Вила која се наоѓа на четвртото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни