Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис за Џунтоли: Ако знаев дека бил „јувентино“…

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис денеска се појавил пред новинарите на промоцијата на новите дресови на Наполи, а тоа било добра можност за тие да извлечат одредени ставови од претседателот на италијанскиот првак.

Една од темите бил Кристијано Џунтоли, кој осум сезони беше дел од раководството на Наполи и еден од главните виновници за успешниот период кој беше крунисан со скудето.

Џунтоли летово направи трансфер во Јувентус, а на промоцијата во новиот клуб откри дека неговиот татко бил голем фан на „бјанконерите“, па и тој му правел друштво на натпреварите на торинскиот клуб за кого имал симпатии уште оттогаш.

Де Лаурентис денес морал да ја коментира оваа изјава, а одговорил во свој стил.

– Џунтоли бил голем „јувентино“. Не го знаев тоа, да знаев веројатно ќе се ослободев побрзо од него, – истакнал првиот човек на Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни