Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис го возвраќа ударот: Наполи ќе му украде важен директор на Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи минатата година остана без спортскиот директор Кристијано Џунтоли, кој по шампионската сезона реши да ја прифати понудата на Јувентус, но Аурелио Де Лаурентис и неговите соработници сега се подготвени да го возвратат ударон кон големиот ривал.

Италијанските медиуми кои се добро упатени во потрагата на Наполи по нов спортски директор, тврдат дека сериозна понуда за функцијата добил 36-годишниот Џовани Мана.

Се работи за најблискиот соработник на Џунтоли и веќе искусен директор кој долг период работи во Јувентус и е еден од најзаслужните за големиот број таленти кои првично пристигнуваат во младинската академија, односно У23 тимот на „бјанконерите“.

Мана веќе размислува за понудата и по одреден период ќе мора да пресече во однос на тоа дали планира да остане во Јуве или првпат ќе добие посериозна улога и ќе биде нов директор на Наполи.

Де Лаурентис претходно се обидел да го ангажира Џовани Сартори од Болоња, но оттаму добил негативен одговор, а во конкуренција на Мана сега е Пјетро Акарди од Емполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни