Поврзете се со нас

Свет

Де Јонг си замина од Шпанија и веќе позираше во дресот на новиот клуб (Фото)

Објавено

на

Тоа што се очекуваше во текот на денешниот ден доби и официјална потврда, холандскиот интернационалец Лук Де Јонг има нов клуб по заминувањето од Барселона.

Де Јонг не успеа да се наметне во тимот на Чави Ернандез, па неговата позајмица од Севилја беше прекината и тој требаше да се врати во Андалузија.

Сепак, Севилја брзо се реши од него и го продаде на ПСВ Ајндховен за сума од четири милиони евра.

Ова е враќање на Де Јонг во редовите на ПСВ, клуб во кој настапуваше од 2014 до 2019 година и каде го прослави своето име во светскиот фудбал.

31 годишниот напаѓач претходно одбил богата понуда од мексиканскиот тим Тулука кој сакал да го види во своите редови.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни