Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу со провокативна изјава до своите некогашни соиграчи: Верувам дека играчите на Милан..

Објавено

на

Турскиот репрезентативец и член на Интер, Хакан Чалханоглу не пропушти прилика да ги „пецне“ неговите поранешни соиграчи од Милан кои нема да учествуваат во елиминационата фаза од Лигата на шампионите.

„Росонерите“ после долги години обезбедија пласман во најелитното европско натпреварување, но во првата сезона испаднаа уште во групната фаза, па ќе ги нема во елиминациите.

Чалханоглу истакна дека неговите поранешни соиграчи со сигурност ќе навиваат за Ливерпул во двомечот кој ќе биде еден од неколкуте дерби пресметки во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

– Имам многу пријатели во Милан, но мислам дека нема да не поддржат и дека играчите на Милан ќе навиваат за Ливерпул. Како и да е, тоа не ме интересира и го гледам само доброто за нас и нашиот тим. Во овој момент ме интересира што подобро да се подготвиме за натпреварот, -изјави Чалханоглу.

Интер ќе биде аутсајдер на пресметката со Ливерпул којана програмата е во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни