Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу бурно расположен по победата над Милан: Кармата доаѓа по своето, ги испративме дома!

Објавено

на

Хакан Чалханоглу беше предмет на ниски потсмевања од страна на играчите и навивачите на Милан за време на шампионската прослава минатата година, но на стартот на оваа 2023-та година, играчот за врска дочека шанса да се слади на победа над поранешниот клуб.

Интер денеска во финалето во Суперкупот го надигра Милан и славеше со 3:0 во Ријад, резултат од кој најзадоволен остана токму Чалханоглу кој не се штедеше при давањето интервју за „Спорт Медијасет“.

– Ова е важен трофеј за нас, особено за мене. Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Интер, денеска со резултат 3:0 покажавме дека нема што да се зборува и дебитира за овој меч.

– Одмаздата беше важна за мене. Јас секогаш претпочитам да останам тивок и мирен, но беше валкано од нивна страна да видам работи кои ги видов. Навистина не го очекував тоа од нив, но кармата доаѓа по своето.

– Кармата секогаш се враќа. Ние денеска бевме гладни за успех и тие мора да сфатат дека со резултатот 3:0 ги испративме дома многу брзо. Денеска го изедовме Милан и тоа е се што треба да се каже, – изјави Чалханоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни