Поврзете се со нас

Македонија

Бутел го надигра Пролет во скопската пресметка, второ сезонско славје на Мулти Есенс

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkmultiessence

Ракометарите на Бутел славеа над Тинекс Пролет со 33:26 во скопската пресметка во Суперлигата.

Домашниот тим покажа повеќе во двете полувремиња и со тоа се избори за резултатот кој го посакуваше, четврто славје во седмиот натпревар во Б групата со што се израмни со денешниот противник.

Николов со 11 голови беше прв стрелец, Иваниќ даде 9, а пак кај гостите Василевски имаше 6 реализации.

Мулти Есенс дојде до втор триумф во кампањата и тоа против Вардар Неготино. Дебитантот во елитната конкуренција беше за нијанса подобар во двете полувремиња со 15-14 и 14-13, а за тоа најзаслужен беше Илиески со 9 гола.

Во третиот дуел Струга славеше над Аеродром со резултат 31:25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни