Поврзете се со нас

Балкан

Бугарскиот селектор Петров планира да повика македонски фудбалер во репрезентацијата на источниот сосед

Објавено

на

Бугарскиот селектор Јасен Петров сака да го убеди македонскиот фудбалер Влатко Дробаров да настапува за репрезентацијата на нашиот источен сосед.

Медиумите тврдат дека Петров подолго време ги следел игрите на Дробаров во дресот на Черно Море и сака да го искористи фактот што фудбалерот досега нема настап во македонскиот национален тим.

Дробаров е 28-годишен дефанзивец кој покрај настапите за Скопје, Напредок, Тетекс и Беласица, има и интернационално искуство во повеќе земји, а одлично се снајде во Черно Море каде стана клучен играч откако пристигна при крајот на 2020 година.

Иако има настапувано за младинските категории за Македонија, Дробаров нема настап за сениорскиот тим, а бугарскиот селектор бил охрабрен и поради фактот што нашиот фудбалер поседува бугарски пасош.

Дали ќе се реализираат најавите ќе биде јасно веќе кон крајот на месецов, кога Бугарија ќе почне да се подготвува за септемвриските квалификациски натпревари за СП во Катар 2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни