Поврзете се со нас

Италија

Буфон за неодбранетиот удар за кој жали и денеска: Бев убеден дека ќе ја фатам топката…(ВИДЕО)

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон е италијанска и светска фудбалска легенда, човек чие име со големи букви ќе биде запишано во историјата како еден од најголемите, најдобрите голмани на сите времиња.

Популарниот Џиџи беше вистинска класа, бранеше на високо ниво како на клупски и репрезентативен план, меѓутоа и покрај тоа што долго време се трудеше еден трофеј му избега-тоа е оној од Лигата на шампионите. Тој трипати беше блиску до оваа титула, но тие завршни средби, финалиња не беа позитивни за него и неговите колеги, соиграчи.

Токму еден удар од тие финални натпревари до ден денеска го мачи, поточно жали што не го одбранил. Тоа е пеналот на Алесандро Неста во 2003 година, поточно од битката за титулата со Милан одиграна на „Олд Трафорд“.

-Ние промашивме три, а тие два пенали. Неста им го изведе четвртиот пенал. Се фрлив во вистинската насока и бев сигурен дека ќе интервенирам. Меѓутоа, во одреден момент видов дека топката се движи побрзо во последните два метри; малку го смени правецот и видов како топката влегува во мрежата.

-Беше толку обесхрабрувачки. Сè уште се сеќавам на тоа. Беше толку разочарувачки што се во тој момент стана црно. Ова не значи дека ќе победевме, но тоа беше многу разочарувачки момент за мене, обелодени Џиџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни