Поврзете се со нас

Шпанија

Брајтвајт го раскина договорот и експресно потпиша за лутиот ривал на Барса (Видео)

Објавено

на

Мартин Брајтвајт на крајот ја чинеше Барселона 150 илјади евра, односно толку изнесуваше отштетата која му ја исплати клубот за конечно да дојде до раскин меѓу нивната соработка.

Во последниот ден од летниот преоден рок, Барса дефинитивно се ослободи од платата на данскиот репрезентативец и ослободи простор за други играчи, но на крајот тоа мораше да го направи со обесштетување.

Брајтвајт со месеци носеше немир меѓу водечките луѓе на клубот и на крајот се се завршува во последен момент, но на два часа пред истекот на преодниот рок, пристигна и официјална информација за неговиот следен чекор во кариерата.

Интересно, Брајтвајт останува во градот Барселона, но ќе го носи дресот на лутиот ривал Еспањол, клуб кој официјално потврди дека експресно го договорил напаѓачот.

Очекувано, Брајтвајт пристигнува како слободен агент и Еспањол нема да исплати ниту едно евро, а го врза со договор до 2025-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни