Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бенитез ја откри тајната за камбекот и титулата на Ливерпул во Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Финалните средби во фудбалот секогаш се посебни, особено кога е во прашање Лигата на шампионите, натпреварување кое е најдобро, најпрестижно во Европа и во светот.

Многу завршни натпревари се паметат, но дефиинитивно прв самиот врв е она меѓу Милан и Ливерпул од 2005 година кога премиерлигашот направи чудесен камбек и на крајот се израдува на титулата во Истанбул.

„Росонерите“ ги уништија „црвените“ во првиот дел кој го завршија со предност од 3-0, но по паузата како да излее друг тим на теренот и Ливерпул за брзо време дојде до 3-3, резултат со кој заврши основниот дел, продолженијата за да на пенали слави англискиот великан.

Предводникот на тој состав беше Рафаел Бенитез кој откри дека навивачите одиграле клучна улога за нивното враќање, победа и пехар во елитното натпреварување.

-Тоа беше најневеројатниот и највозбудливиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите. Можете да го освоите Купот победувајќи ги вашите противници со 5-0, но никогаш не сте го направиле она што го чувствувавме таа вечер. Кога влеговме во соблекувалната на полувремето, можевме да ги слушнеме нашите навивачи како пеат за да не поддржат.

-Таа љубов не мотивираше да се вратиме на теренот и да го свртиме натпреварот. Постигнавме три гола за шест минути и знаете како заврши пенал рулетот, -истакна Бенитез за „Кориере Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни