Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бекам за големата пресметка во Париз: Мило ми е што нема да бидам на „Паркот на принцовите“

Објавено

на

ПСЖ вечерва ќе му биде домаќин на Реал Мадрид на првиот од двата осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, спектакл во кој се очекува да уживаат сите присутни на „Паркот на принцовите“, но и оние фанови кои ќе го следат дуелот преку ТВ приемниците.

Еден од нив ќе биде и легендарниот Дејвид Бекам, прославениот англиски репрезентативец кој може да се пофали дека ги бранеше боите на Реал Мадрид и ПСЖ во својата блескава кариера.

Популарниот Бекси остана резервиран и не направи избор меѓу двата тима, но затоа порача дека посебно добро за него е тоа што нема да го гледа натпреварот од трибините во Париз.

– Ако ги гледаме само актуелните фудбалери, историјата на двата тима и навивачите кои стојат зад клубовите, оваа пресметка е сон за секој фудбалски фан.

– Да бидам искрен, мило ми е што нема да бидам на стадионот. Тоа ќе беше преемотивно за мене, да бидам искрен, подобро ми е да останам дома и да гледам преку телевизорот. Така ќе можам да се радувам на секој гол кој ќе биде постигнат од двата тима, на стадионот немаше да биде тоа возможно, – вели Бекам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни