Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона бара десен бек, се врти кон поранешен фудбалер

Објавено

на

Барселона не го затворила преодниот рок, а тренерот Чави инсистира да добие најмалку уште еден фудбалер и тоа на позицијата десен бек.

Досега тој и раководството разгледуваа повеќе опции, а ситуацијата ја искомплицира Сезар Аспиликуета кој беше прв фаворит, но реши да остане во Челси.

Сега Чави размислувал за три опции, од кои најисплатлива ќе биде Ектор Белерин.

Вилјареал бара голема отштета за Хуан Фојт, а Борусија Дортмунд може да го ослободи Томас Муние за 15 милиони евра, додека Белерин би бил опција како слободен агент.

Белерин минатата сезона ја мина како позајмен играч во Бетис, а предизвикот Барселона може да му биде предизвик и поради фактот што потекнува од младинската академија на каталонскиот гигант.

Тој на 16-годишна возраст се пресели во Арсенал, па ова би му била нова можност за сениорско деби во редовите на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни