Поврзете се со нас

Балкан

Барди забележа асистенција, негов соиграч имаше спектакуларна интервенција на гол линијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Анталијаспор и Трабзонспор ги поделија бодовите на денешниот меч во турскиот шампионат, меч на кој нашиот репрезентативец Енис Барди беше асистент при единствениот гол на гостите (1-1).

Барди конечно доби шанса од самиот старт и потоа го одигра целиот натпревар во кој во 2 минута го проигра Фунтас кој потоа стрелаше прецизно.

Домаќините во вториот дел успеа да израмнат и да се изборат за поен во дуелот во кој пак дефанзивецот Филип Бенковиќ ја имаше интервенцијата на сезоната во турското првенство.

Анталија напаѓаше и Вурал се направи како што треба, шутираше одлично, но Бенковиќ имаше нестварна реакција и спречи сигурен погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни