Мото ГП
Бањаја ја освои титулата во Мото ГП, легендарниот Роси прв му честиташе (Видео)

Пеко Бањаја го режираше најголемиот пресврт во историјата на Мото ГП шампионатот, бидејќи заостануваше 91 бод по трката во Германија на Захсеринг, а денеска стана нов шампион во „кралската класа“ во Валенсија.
Возачот на Дукати стана првиот Италијанец по Валентино Роси кој славел во најсилната мотоциклистичка класа, односно донесе славје за „аѕурите“ по пауза од 13 години.
Роси својата последна Мото ГП титула ја освои во 2009-та година, па 13 сезони подоцна, негов наследник е Бањаја кој пак стана прв шампион со Дукати по Кејси Стонер од 2007-ма година.
Што се однесува до денешната последна трка во сезоната, Пеко се одлучи за стратегија без никаков ризик и возеше максимално претпазливо, па иако на стартот изби на четвртото место, во продолжение ги пропушташе ривалите и на крајот заврши деветти, што во секој случај беше доволно за шампионска титула.
На Пеко му одговараше и 14-то место доколку до победа дојде Фабио Квартараро, но возачот на Јамаха немаше сили за таков подвиг, па мораше да се задоволи само со четвртото место и вицешампионски статус оваа сезона.
Французинот во ниту еден момент денеска не можеше да се бори со Мартин, Биндер и Алекс Ринс, а победата на Шпанецот значеше дека Сузуки добива најдобро испраќање од Мото ГП, бидејќи легендарниот јапонски бренд најави повлекување од „кралската класа“.
Сепак, вест на денот е шампионската титула која ја освои Бањаја, а првата честитка ја доби од Валентино Роси кој беше присутен денеска во Валенсија.
Passing the baton to his protege! 🤝@ValeYellow46 has to be mad proud of @PeccoBagnaia 🤩🤩🤩#PerfectComb1nation 🏆 pic.twitter.com/1CyEMbKrZn
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 6, 2022
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 24 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!