Поврзете се со нас

Свет

Балотели го избра најтешкиот дефанзивец против кого играл во кариерата и откри за кој италијански тим навива од дете

Објавено

на

Foto:instagram.com/mb459

Марио Балотели за многумина има статус на „пропаднат талент“ поради фактот што не го исполни потенцијалот како што се очекуваше, но неговиот пад е посебно забележителен во последните неколку години во кои настапуваше за Бреша, Монца, Адана и моментално Сион.

Поранешниот италијански репрезентативец е далеку од своите најдобри играчки денови и во август ќе наполни 33 години, но сепак за ова време мина многу работи во фудбалот и затоа секогаш е интересен за новинарите.

„Супер Марио“ даде неколку интересни изјави во подкастот „Федез“, каде го именуваше својот најтежок ривал против кој се соочил на теренот, а го откри и тимот за кој навива во Италија.

– Тиаго Силва е најдобриот дефанзивец против кого имам играно во кариерата, кратко и јасно, – одговорил Балотели.

– Јас од мали нозе сум навивач на Милан, но се што направив во кариерата му должам на Интер. Затоа го сакам Интер и се уште го сакам, тие веруваа во мене и ми дадоа шанси. Се што остварив во фудбалот, му должам на Морати, – потенцира напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни