Поврзете се со нас

Германија

Баерн загуби еден фудбалер во пресрет на реваншот со Арсенал

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен оствари рутинска победа над Келн за колку толку да го поправи впечатокот за своите настапи во Бундеслигата, но фокусот на целата екипа очекувано и натаму е кон Лигата на шампионите.

Баварците во среда го пречекуваат Арсенал со императив да обезбедат полуфинале во европското натпреварување, а најновите информации се дека тренерот Томас Тухел нема да смета на еден фудбалер.

Кингсли Коман заработил повреда на адукторот на вчерашниот дуел со Келн и го очекува одредена пауза пред да може да им помогне на соиграчите.

Французинот ќе отсуствува неколку недели, колку што му се потребни за рехабилитација, а тоа значи дека Тухел ќе има една опција помалку во сигурно сериозниот предизвик на „Алијанц“.

– Кингсли Коман ќе биде надвор од терените неколку недели откако заработи повреда на дуелот со Келн во Бундеслигата, – стои во соопштението на Баерн, а прашање е дали Коман ќе може да одигра уште некој натпревар сезонава во дресот на германскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни