Поврзете се со нас

Германија

Баерн се разбуди и дојде до првата бундеслигашка победа во 2023 година (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayern

Екипата на Баерн Минхен конечно дојде во првата бундеслигашка победа во 2023 година, победа која ја оствари на гостувањето кај Волфзбург со 4-2.

„Баварците“ имаа доста проблеми на претходните лигашки средби каде трипати ремизираа со идентичен резултат 1-1 против РБ Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт и Келн. Целта на избрнаиците на Нагелсман беше да дојдат до трите бода и да го вратат првото место на табелата, цел која ја остварија пред се поради првите фуриозни 19 минути во кои трипати ги матираа „волците“ преку Коман (2) и Милер.

Домаќините во финишот на првиот дел ја вратија надежта преку Камински. Во 54 минута Кимих заработи црвен картон по што стана уште потешко за Баерн, но шампионот одговори како што знае и умее, Мусиала стрелаше во 73 за 4-1 за да конечниот резултат го постави Сванберг во 84 минута.

Тимот од „Алијанц Арена“ е на првото место на табелата со 40 бода по што следат Унион Берлин, Борусија Дортмунд и Лајпциг кој ја затвара таа прва четворка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни