Поврзете се со нас

Германија

Баерн ја откри причината за здравствените проблеми на тренерот Нагелсман

Објавено

на

Баерн Минхен обезбеди убедлива победа над Бенфика во Лигата на шампионите, иако на клупата го немаше тренерот Јулијан Нагелсман.

Бундеслигашот вчера соопшти дека здравствената состојба на Нагелсман се влошила во текот на денот и тој ќе остане во својата хотелска соба, за денеска да биде потврдена и причината.

Тренерот на Баварците утринава имал позитивен тест на ковид-19, па тоа било и причината за симптомите кои ги чувствувал во текот на вчерашниот ден.

– Нагелсман имаше позитивен тест на ковид-19 и покрај тоа што е целосно вакциниран.

– Тој ќе се врати во Минхен одвоен од фудбалерите и другите членови на делегацијата, по што ќе ја продолжи изолацијата, – објави Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни