Поврзете се со нас

АТП

Австриски тенисер го нападна Ѓоковиќ: АТП немаше храброст да го дисквалификува

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ остава зад себе уште една успешна година со многу трофеи, но еден негов колега реши да го потсети Србинот за некоректното однесување за врема на еден од турнирите.

Се работи за турнирот на Мајорка каде Ѓоковиќ играше во дубл заедно со Шпанецот Гомес Ерера, а на патот до полуфиналето совладаа двојка во која настапи Оливер Марах.

Австриецот вели дека Ѓоковиќ доцнел половина час за мечот, но не бил санкциониран.

– АТП немаше храброст да го дисквалификува.

– Ние го загубивме фокусот на мечот и загубивме, а потоа Ѓоковиќ го предаде полуфиналето поради повреда на неговиот дубл партнер. Имам навистина големо почитување за тоа што го направи во кариерата, но тоа беше многу лош потег од негова страна. Му го кажав тоа по мечот и се уште сме пријатели, – открил Марах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни