Поврзете се со нас

Балкан

Аврамовски продолжи да стрела за Болуспор (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Boluspor

Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски продолжи да стрела за Болуспор во втората лига на Турција.

Офанзивецот ја затресе мрежата на Генчербирлиги, меѓутоа тоа не беше доволно за неговиот тим да оствари позитивен резултат (2-1) на оваа битка од 28. коло.

Инаку Аврамовски има постигнато пет погодоци на единаесет средби за Болуспор и е еден од најдобро оценетите играчи на оваа екипа.

Со 43 бода Цујо и компанија се на осмото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни