Поврзете се со нас

Формула 1

Астон Мартин потврди друг поранешен Ф1 шампион како наследник на Фетел

Објавено

на

Астон Мартин веќе го договори наследникот на Себастијан Фетел, а тоа ќе биде уште еден поранешен светски шампион во Формула 1.

Местото на Германецот следната сезона ќе го заземе Фернандо Алонсо, актуелниот возач на Алпин, кој решил да ја прифати понудата од ривалската екипа.

Шпанецот потпишал повеќегодишен договор со Астон Мартин, но засега не се познати повеќе детали.

Фетел ќе му го отстапи местото на двократниот шампион откако реши дека е време да се повлече од Формула 1 и да му се посвети на семејството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни