Поврзете се со нас

Англија

Артета со позитивен коментар за иднината на најголемата ѕвезда на клубот

Објавено

на

Долго време се шпекулира за иднината на капитенот на Арсенал и најдобар играч на „топчиите“,Пјер Емерик- Обамејанг.

Габонецот има само уште една година од својот договор со Арсенал, па многу од медиумите го поврзуваа со трансфер надвор од клубот во летниот преоден рок.

Барселона и Реал Мадрид беа најзагреани за него, а интерес имаше и од ПСЖ, Интер и Манчестер Јунајтед.

Сепак, според најновиот развој на настаните, постои голема веројатност Обамејанг да го продолжи договорот со Арсенал во следниот период.

Такво нешто најави и тренерот на клубот, Микел Артета кој истакна дека преговорите со Обамејанг биле доста позитивни.

– Не можам да поставам датум до кога ќе биде готово затоа што тоа е многу тешко. Ми се допаѓа начинот на кој се одвиваат преговорите.

– Ми се допаѓа она што го слушам. Сигурен сум дека за двете страни е најдобро да се најде решение што е можно побрзо, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни